6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книга од Георги Сталев

Промоција на книга од Георги Сталев

brakata 333

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на книгата „За современата македонска книжевност“ од Георги Сталев, добитник на наградата за литературна критика „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2014 година.

Најновото дело на професорот Сталев ќе го промовира Д-р Наташа Аврамовска, а делови од книгата ќе интрепретира актерот Томе Витанов. Промоцијата ќе се одржи во четврток, во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12 часот.

Георги Сталев е роден 1930 година. Тој е истакнат македонски поет, прозаист, драмски писател, научен работник, долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и преведувач. Автор е на многу книжевни дела од повеќе жанрови и е добитник на повеќе книжевни награди. Во најновата книга на професорот Сталев, која преставува пресек на историјата на македонската литература од 20 век, се опфатени автори родени помеѓу 1900 и 1932 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП