5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија и ЕУ во преговори за либерализација на трговијата

Јапонија и ЕУ во преговори за либерализација на трговијата

japeu1

Јапонија и Европската унија наредната недела ќе одржат самит, на кој се очекува официјално да започнат преговорите за договор за слободна трговија.

Претседателот на Европската Унија Херман Ван Ромпеј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ќе присуствуваат на еднодневниот самит во Токио, заедно со јапонскиот премиер Шинзо Абе, пренесува агенцијата Франс Прес.

И двете страни очекуваат дека ќе биде постигнат конечен договор кој ќе резултира со долгоочекуваните преговори наменети за либерализација на трговијата и отстранување на бариерите во секторот за услуги и инвестиции.

Во пресрет на самитот во понеделник, двајцата европски лидери треба да одржат говор пред јапонските деловни лидери.

Лидерите на ЕУ и Јапонија, исто така, планираат да започнат одделни разговори и за политички договор, кој ќе се однесува на соработка во областа на безбедноста, животната средина, науката и технологијата, пренесуваат локалните медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП