2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудија: САД најверојатно нема да ги исполнат развојните цели на ОН

Студија: САД најверојатно нема да ги исполнат развојните цели на ОН

globalno-zemja-

САД се една од земјите кои веројатно нема да ги исполнат глобалните цели за намалувањето на сиромаштијата и борбата против климатските промени кои Обединетите нации треба да ги усвојат подоцна во септември, покажа студијата објавена во вторникот.

Скандинавските земји Шведска, Норвешка, Данска и Финска, имаат најголеми изгледи да ги исполнат предложените Цели за одржлив развој (Sustainable Development Goals – SDGs), пакет цели кои би требало да бидат исполнети во текот на 15 години, а кои се движат од елиминирањето на гладот до поттикнување на образование, се вели во студијата на германската фондација Bertelsmann Stiftung којашто ја поттикнува и промовира општествената одговорност.

Она што ги кочи САД да напредуваат се јазот меѓу богатите и сиромашните, потрошувачкото однесување и проблемите во врска со заштитата на природната околина. Соединетите држави произведуваат повеќе од двојно повеќе отпад по глава на жител од најдобро рангираните земји, предупредуваат експертите.

САД, сепак, имаат висок бруто домашен производ (БДП), сразмерно чист воздух и развиено домување, што ќе придонесе за постигнување на некои од глобалните цели, се истакнува во студијата.

Многу индустриски земји можеби нема да ги исполнат 17-те цели кои 193 држави и територии би требало да ги усвојат на самитот на Обединетите нации, од 25-ти до 27-ми септември, поради нееднаквоста и проблемите поврзани со енергијата и екологијата, заклучуваат стручњаците.

Најниско рангирани земји се САД, Грција, Чиле, Унгарија, Турција и на последното место е Мексико.

На прво место е Шведска со ниско ниво на емисија на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и со висока стапка на вработеност, а следи Норвешка којашто, исто така, емитува малку стакленички гасови и финансиски значително придонесува за земјите во развој, се вели во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП