27 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕGriffin House - Бајковита вила во Женева (фото)

Griffin House – Бајковита вила во Женева (фото)

gri1

Една од најимпресивните вили во Женева, но и во цела Швајцарија, неодамна е ставена на продажба по цена од 25,9 милиони евра…

Таа го носи името „Griffin House“ и е многу луксузна, а сместена е на врв од ридот, па ви овозможува панорамски поглед на езерото Женева и прекрасната околина. Има пет спални соби и пет бањи, односно 1.520 метри квадратни површина, која е распоредена на пет нивоа. Таа е изграена во 1906 година, како приватна резиденција на Мајорот од Монторз, па така има совршен шарм од луксузот и гламурот на старото време.

Зад оваа вила, се простира погледот кон француските Алпи и долината Роне. Во вилата можете да видите совршена примена на најновите трендови во дизајнот на ентерерот, комфорот, технолошките иновации. Покрај петте спални соби и петте бањи кои веќе ги споменавме, оваа вила има и медиа соба, два стана за персоналот, теретана и спектакуларен базен. Тука е и гаражата за пет автомобили.

Во склоп на оваа вила се наоѓа и лифт, кој го олеснува пистапот до сите нивоа. Мастер апартманот, кој нормално има најсовршена локација, се смета за една од најдобрите спални соби во цела Женева. Видете зошто е тоа така….

gri2

gri3

gri4

gri5

gri6

gri7

gri8

gri9

gri10

gri11

gri12

gri13

gri14

gri15

gri16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП