2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNike го зголеми профитот за 55 %

Nike го зголеми профитот за 55 %

nike2

Американскиот производител на спортска опрема, компанијата „Nike“ во третиот квартал од тековната фискална година оствари профит од 866 милиони долари.

Тоа претставува зголемување од 55 проценти на годишно ниво.

Позитивниот резултат се должи на зголемената продажба, како и на продажбата на дел од имотот, наведува компанијата во соопштението.

Заработката по акција достигна износ од 73 центи, што претставува зголемување за 20 проценти, за третиот квартал од фискалната година, кој заврши на 28 февруари, додека предвидувањата на аналитичарите беа 67 центи.

Приходите од продажбата се зголемени за девет проценти на годишно ниво и достигнаа вредност од 6,19 милијарди евра.

Бруто маржата, исто така се зголеми благодарение на порастот на цените и намалувањето на трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП