23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНеуништливиот екран за телефони

Неуништливиот екран за телефони

ekran

Паметните телефони во иднина ќе имаат екрани од индустриски сафир, кој ќе го замени стаклото, а ќе се прават од корунд кој е еден од најцврстите природни минерали во светот.

Од корундот единствено е „посилен“ само дијамантот, а супстанцијата која е направена во лабораторија на основа на овој минерал на новите телефони ќе им даде скоро неуништлив екран.

Компанијата „GT Advanced Technologies“ тврди дека овој екран ќе биде двапати посилен и потпорен на гребаници од популарниот „Gorilla Glass“ кој моментално се користи во изработката на „iPhone“.

Ваквите екрани може да се очекуваат веќе кон крајот на оваа година, а телефоните кои ќе ги поседуваат ќе бидат многу поскапи, затоа што екраните на „Gorilla Glass“ чинат помалку од три долари, а додека овие од сафири ќе чинат околу 30 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП