28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропскиот Робин Худ: Земал кредити од 39 банки и нема намера да...

Европскиот Робин Худ: Земал кредити од 39 банки и нема намера да ги врати

robinhood1

Енрике Дуран е шпански анти-капиталистички активист кој од 2008 година има подигнато кредити во износ од 492.000 евра од дури 39 различни банки и нема намера никогаш да ги отплати.

Парите кои ги земал од банките, Дуран ги вложил во неколку анти-капиталистички задруги, а остатокот го потрошил на „Кирс“, бесплатен весник во кој тој прецизира што точно направил и ги повикува и другите да го сторат истото.

Тој поради ова стана народен херој преку ноќ, но и државен непријател бидејќи во моментов го прогонуваат 14 финансиски институции, а му се заканува и казна затвор од 8 години. За сега тој има одлежано само 2 месеци во затвор во 2011 година, а во моментов тој ја очекува новата пресуда.

Дуран во интервјуто за магазинот „Vise“ вели дека оваа идеја му дошла во 2005 година, читајки за енергетската криза која е поврзана со финансиската криза, кога тој сватил дека, не само што овој систем е непожелен, туку дека повеќе не треба да продолжи.

Тој сака да докаже дека финансискиот систем е неодржлив, но и да им покаже на луѓето дека тие можат да бидат храбри и непослушни, како и тоа дека народот може да ја врати моќта во свои раце.

Меѓутоа, Дуран, кој е во анти-глобалистичкото движење од 2000 година, признава дека тие не знаеле дека глобалниот систем кој го оформуваат Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, сам ќе се сруши, туку тие мислеле дека тие треба да сторат нешто за да го срушат.

Неговиот чин на „граѓанска непослушност“ траеше три години, низ кои тој морал да научи како функционира банкарскиот систем, како и тоа каде се дупките во законот и како тој да ги искористи.

Бидејќи Банката на Шпанија дава информации само за оние кои подигнале кредит над 6,000 евра, Дуран секогаш земал кредит кој е помал од тој износ, со цел Банката на Шпанија да нема контрола и увид над неговите постапки. Парите кои ги добивал од кредитите постјано ги инвестирал и никогаш во себе немал повеќе од 50.000 евра.

Но Дуран вели дека тој не е првиот кој не ги враќа позајмените кредити во банка, бидејќи неплаќањето на кредити всушност доведе до финансиска криза. Големите компании подигнуваа огромни кредити и градеа огромни згради, а потоа кога немаа што да вратат прогласуваа банкрот и се спасуваа од долговите, вели Дуран.

Дуран не верува дека неговиот пример ќе успее да се прошири на глобално ниво, но мисли дека оваа негова порака ќе пристигне низ целиот свет со цел да ги натера луѓето да размислат дека и малите промени и одлуки можат да го променат светот и да го направат подобро место за живеење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП