6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотпишан договор за акционерска сопственост за гасоводот Северен тек 2

Потпишан договор за акционерска сопственост за гасоводот Северен тек 2

severen tek dogovor

Договор за акционерска сопственост за имплементација на гасоводот Северен тек 2 потпишаа првите луѓе на Газпром, BASF SE,  E.ON SE, ENGIE, OMV и Royal Dutch Shell, во рамки на Источниот економски форум што се одржува во Владивосток.

Проектот ќе биде раководен од новата компанија New European Pipeline AG, се истакнува во соопштението на Газпром испратено денеска до медиумите.

Според договорот, Газпром ќе поседува 51 отсто од акциите во заедничката компанија. E.ON, Shell, OMV и BASF/Wintershall ќе имаат по десет отсто од акциите секоја, додека ENGIE ќе има девет проценти од акциите.

Северен тек 2 предвидува изградба на два крајбрежни цевководи со вкупен капацитет од 55 милијарди метри кубни гас од Русија до Германија, покрај Балтичкото море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП