19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК го одобри договорот меѓу BG Group и Royal Dutch Shell

ЕК го одобри договорот меѓу BG Group и Royal Dutch Shell

puzzlle-shell-bg

Европската комисија (ЕК) го одобри договорот за стекнување на „BG Group“ од страна на „Royal Dutch Shell“, соопшти регулаторот, а пренесува „Ројтерс“.

Според проверката, зделката нема да ги наруши европските правила за конкуренција на голем број европски пазари, меѓу кои за екстракција на нафта и природен гас, како и на пазарот на течен гас.

Заклучоците на ЕК се дека всушност „Shell“ нема да има можност да го ограничи пристапот на своите конкуренти до објектите за течен гас, снабдувањата на суровина за Европските економски области или до транспортната инфраструктура од Северното Море.

„Shell“ нема да може и да влијае на цените на анализираните пазари како резултат од стекнувањето на „BG Group“, дополнуваат уште од ЕК.

Од соопштението на Комисијата, станува јасно дека биле официјално известени за планираното обединување на 29-ти јули. Детали за финансиските параметри на договорот не беа објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП