2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМурињо заштитно лице на Top Eleven

Мурињо заштитно лице на Top Eleven

topeleven

Жозе Мурињо стана заштитно лице на најпопуларната менаџерска игра на „Facebook“- „Top Eleven“, која ја прави српската компанија „Nordeus“.

Менаџер „Top Eleven“ во претходната година стекна огромна популарност во целиот свет и се приближува до бројката од 10 милиони играчи месечно.

Поддршката од еден од најдобрите фудбалски тренери во светот е од многу големо значење играта да добие уште поголема популарност. Освен тоа што лицето на Мурињо ќе биде на позадината и на „splash screen“, „специјалниот“ ќе има и улога на советник на сите нови менаџери.

topeleven1

„Nordeus“ контактот го оствариле без никакви странски агенции, тие директно се обратиле до Реал и самиот тренер, а поради тоа што на нив играта им се допаднала, договорот би постигнат без никаков проблем.

„Од постојаната желба да го унапредиме играчкото искуство на милиони менаџери ширум светот, сакавме во „Top Eleven“ поставиме лице кое со своето искуство, знаење и резултати навистина ќе го симболизира најдобриот фудбалски менаџер на планетата. Жозе Мурињо беше логичен избор. Контактиравме со Реал Мадрид и господинот Мурињо, на нив самата идеа, но и „Top Eleven“ многу им се допадна, а осовено ни е драго што покрај толку игри за менаџери во светот Мурињо го одбра токму „Top Eleven““, изјави директорот за развој на „Nordeus“, Никола Чавиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП