24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар против Војводина во СЕХА лигата

Вардар против Војводина во СЕХА лигата

ракометари

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар, во среда ќе ја започне новата сезона во СЕХА лигата. Прв противник на Вардар ќе биде Војводина од Нови Сад.

„Почнуваме нова сезона. Јас сум задоволен со подготовките што ги имавме. Работевме многу добро во претходниот период и одигравме контролни натпревари на коишто победувавме. На сите натпревари игравме добро, и се надевам дека оваа сезона ќе биде подобра од лани. Против Војводина ќе мораме да играме добро во напад, зашто тие имаат добри центри и се брзи во контра. Добро е што ќе имаме силни натпревари пред дуелот со Монпелје, и сакаме да одиме чекор по чекор“, рече тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Шпанскиот стратег за првиот меч нема да може да смета на голманот Петар Ангелов кој има проблеми со грбот и најверојатно на Матијаж Брумен.

Вардар е двократен освојувач на СЕХА лигата, а во претходните четири сезони во ова натпреварување по една титула освоија Загреб и Веспрем.

Премиерниот натпревар на Вардар, во новата сезона, ќе започне во 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП