14 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром профитираше од падот на рубљата

Газпром профитираше од падот на рубљата

gazprom 229

Најголемиот руски производител на природен гас Газпром во првата половина на годината ја зголеми нето добивката за 50 отсто, на 675,9 милијарди рубљи (9,4 милијарди евра), благодарение на слабостите на домашната валута.

Во периодот јануари-јуни 2015-та година, Газпром забележа раст, а приходите за 1,4 отсто на 2.900 милијарди рубљи, се вели во соопштението на компанијата и се прецизира дека зголемувањето на вкупната продажба се должи на растот на продажбата на гас во Европа и во другите држави.

Меѓутоа, количинската продажба кон Европа и останатите странски клиенти беше во пад и тоа за 6,5 отсто, на 80,4 милијарди кубни метри во првата половина од годината.

Газпром меѓу останатото претрпел и последици од активностите на своите руски конкуренти, како што се Роснефт и Новатек и според проценките, обемот на производство на Газпром би можел оваа година да падне на историски најниско ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП