21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВака изгледаат просечните плати на вработените во Google

Вака изгледаат просечните плати на вработените во Google

ofice 3hha5

Интернет гигантот е познат по многуте бенефиции кои им ги обезбедува на своите вработени, како и со добрите плати, дури и без човек да е во раководството на компанијата. Онлајн изданието „BusinessInsider“ ги користел информации од интернет сајтот „Glassdoor“, за да направи рангирање на најдобро платените позиции во „Google“.

Платите се годишни, како што е традицијата во САД. Податоците се базирани на просеци, односно од информациите од сегашните и поранешните вработени на „Google“, кои се анонимни. Платите се средни, а можат да се повисоки со акумулацијата на поголем стаж. Тука не се пресметани и бонусите.

ofice 3hha

Хардверските инженери добиваат 183.948 долари годишно. Тоа всушност е и од релативно ниските плати за инженери во „Google“.

По 191.881 долари годишно добиваат дизајнерите на корисничко искуство. Ова вклучува уредување и структура на интерфејси, како и нивниот изглед. Сениор менаџери за продажба пак добиваат за околу 2.000 долари повеќе.

ofice 3hha1

Приближно слични се платите и на инженерите кои имаат грижата да го подобрат сајтот и услугите на „Google“, кога ќе се појави проблем или колапс. Потребна е брза реакција и способност за ефикасно решавање на проблемите.

Софтверските инженери на „Google“ добиваат просечно по 201.565 долари годишно. Според „Glassdoor“ тоа е за 60% повеќе во однос на просекот на платите за оваа професија во САД. Главните софтверски инженери пак добиваат 207.211 долари годишно. Три илјади долари годишно повеќе добиваат високи софтверски инженери, а нивните менаџери добиваат 235.772 долари годишно.

ofice 3hha4

Повеќе од нив земаат само производ менаџерите. Тие добиваат по 243.299 долари годишно, но имаат и најмногу одговорности. Тие треба да обезбедуваат врска помеѓу сите одделенија кои работат на одреден производ – од инженерите до продажба и маркетинг. Нивната грижа е се да работи во синхронизација.

Над нив веќе почнуваат и директорите. За споредба, маркетинг директори во „Google“ добиваат 268.936 долари годишно, директорите во инженерството заработуваат 272.370 долари, а финансискиот директор – 339.825 долари годишно.

ofice 3hha2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП