28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален трговскиот дефицит на Шпанија

Намален трговскиот дефицит на Шпанија

shpanija1

Трговскиот дефицит на Шпанија е намален во јануари благодарение на растот на извозот, што претставува добрa вест за земја која поминува во уште една рецесија.

Извозот во јануари е зголемен за 7,9 проценти на годишно ниво, на 17,88 милијарди евра, додека увозот е зголемен за 5,7 проценти на 21,38 милијарди, главно подари зголемената побарувачка на енергија, затоа трговскиот дефицит е намален за 4,3 проценти на 3,5 милијарди евра, соопшти Министерството за економија во Мадрид.

Шпанија го зголеми извозот, главно на пазарите надвор од Европската унија, а извозот во ЕУ сочинуваше 63,5 проценти од вкупниот извоз, во однос на 66 проценти од истиот период во минатата година.

Извозот во Азија се зголеми за 43,8 проценти, во Африка за 16,6 проценти, а во Латинска Америка за 15,1 проценти, наведува министерството, истакнувајќи го растот на извозот на пазарите во развој, како што е Индија каде што извозот бил зголемен за 35,4 проценти, Кина за 15,2 проценти и Бразил за 28,5 проценти.

Четвртата по големина економија во еврозоната минатата година го намали трговскиот дефицит за 33,6 проценти, со раст на извозот од 3,8 проценти и пад на увозот за 2,85 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП