29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАLaiki: Можете да земете само 260 евра на ден

Laiki: Можете да земете само 260 евра на ден

laiki1

Кипарската Народна банка (Laiki), за која се верува дека е на работ од колапсот, ги ограничи износите кои можат да се подигнат од банкоматите на 260 евра дневно.

Народната банка наведе дека ограничувањата се поставени поради големата побарувачка на банкоматите, кои се под „опсада“ од клиентите кои подигнуваат по 700 евра на ден, сума која до денес беше дневен лимит за подигнување на банкоматите, пренесува агенцијата Франс Прес.

Целокупниот банкарски сектор на Кипар е на „пауза“ до вторник, додека политичарите се обидуваат да создадат блан Б за да ја осигураат кредитната помош од еврозоната.

Европската централна банка денес предупреди дека до наредниот понеделник ќе продолжи да и дава финансиска помош на оваа земја, а дека потоа, таквиот вид на помош ќе биде овозможен само под одредени услови кои треба меѓусебно да бидат договорени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП