24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ10-те најдобри хотели во замоци

10-те најдобри хотели во замоци

zhotel nas

Хотелите во замоци им дозволуваат на туристите да уживаат на одмор на места каде некогаш живееле кралеви и кралици.

Од TripAdvisor го објавија рангирањето на 10-те најдобри замоци-хотели во светот, кое се изготвува врз основа на повратните информации на туристите. Добрата вест е дека во некои од овие хотели може да се престојува само за 124 долари за ноќ.

Еве и кои се 10-те најдобри:

zhotel1

10. Castle Durrow, се наоѓа во Ирска и е изграден од полковник Вилијам Флауер во 1716-та како семеен дом. Дизајнот и градините на замокот се сметаат за најнапредни за своето време. Денес голем дел од оригиналната архитектура на замокот е запазена. Ноќевањата во замокот стартуваат од околу 195 долари

zhotel2

9. Ashford Castle нуди поглед кон второто најголемо езеро во Ирска, а таму престојувале сите од кралот Џорџ Петти до Џон Ленон. Претседателскиот апартман е именуван по еден од најпознатите гости, поранешниот претседател на САД, Роналд Реган. Ноќевањата во замокот почнуваат од околу 270 долари.

zhotel3

8. Chateau Heralec Boutique Hotel & Spa by L’Occitane е замок од 13-ти век, кој се наоѓа во Чешка. Ноќевањата во замокот почнуваат од околу 219 долари.

zhotel4

7. Често го нарекуваат „Кулата на Распунцел“, замок The Castle in Clarens во Јужна Африка е средновековен палата со прекрасна атмосфера. Тој е идеален за еден затскриен одмор, бидејќи е со капацитет само за четири лица. Собите се декорирани со епизоди од сказната за Распунзел. Ноќевањата во замокот почнуваат од околу 155 долари.

zhotel5

6. Во Rowton Castle во Шропшајер, човек може да ужива во спокојството на англиската провинција. Со своите 19 луксузни соби, замокот е едно од омилените места за свадба во оваа областа. Ноќевањата почнуваат од околу 124 долари.

zhotel6

5. Castello di Monterone се наоѓа во Перуџа, Италија и првично беше воена база пред да биде претворен во неверојатен хотел. Замокот има 18 соби, некои од нив со џакузи, како и турска бања. Ноќевањата во замокот почнуваат од околу 135 долари.

zhotel7

4. Castello di Petroia е изграден во 12-тиот век и има 13 апартмани. Тоа е родното место на поранешниот гроф на Урбино, а во замокот можат да се најдат бројни антиквитети, слики од 18-тиот век, библиотека со древни дела и неверојатни глетки кон планинските ридови. Ноќевањата во замокот почнуваат од околу 153 долари.

zhotel8

3. Hotel Castello di Sinio е изграден во 1142-ра година, што го прави еден од најстарите замоци во винарската зона Баро во Италија. Замокот се наоѓа во Синио и нуди девет апартмани и пет соби. Ноќевањата во замокот почнуваат од околу 260 долари.

zhotel9

2. Германскиот Castle Hotel Auf Schoenburg во Обервесел. Тој е изгорен од француски војници во 1689-та година, но подоцна е реновиран како хотел со 24 соби со поглед кон реката Рајна. Ноќевањата во замокот почнуваат од околу 174 долари.

zhotel10

1. Се наоѓа на брегот на езерото во близина на Питлохри, Шкотска, замокот Fonab Castle, е изграден во 1892-ра година е и е трансформиран во луксузен хотел со 26 соби во 2013-та година. Креветот во пентхаусот на четвртиот кат е толку огромен, така што гостите се качуваат на него по скали. Ноќевањата во замокот почнуваат од околу 378 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП