Цените на нафтата на светските пазари продолжуваат значително да јакнат, па во петокот цената на октомвриските фјучерси за нафтата од марките Brent и WTI пораснаа за повеќе од 5 отсто.
Во петокот вечерта цената на октомвриските фјучерси на северноморската мешавина од марката Brent се зголеми за 6,47 отсто, на 50,62 долари за барел. Притоа во еден момент од тргувањето во петокот, центата на нафтата на лондонскиот пазар достигна 50,97 долари за барел. Октомвриски фјучерски за лесната нафта WTI пораснаа за 7,05 отсто, на 45,56 долари, а во текот на тргувањето на њујоршкиот пазар скокна и до 45,88 долари за барел.
Претходно на пазарите беше регистриран остар раст на цените на нафтата за околу 10 отсто, како резултат на силните економски податоци од САД кои ги поттикнаа американските и европските берзи. Во петокот оптимистичките тенденции преовладуваа и на азиско-пацифичките берзи.
Цените на нафтата, исто така, добија поттик и од статистичките податоци за бројот на инсталациите за дупчење во САД. Американската компанија „Baker Hughes“ објави дека резултатите од штотуку завршената работна седмица покажуваат дека вкупниот број на испорачани вакви инсталации се намалил за 8 единици, односно за 0,9 отсто, на 877 единици. На годишно ниво тоа претставува пад на показателот на 1.037 единици, односно за 54,2 отсто.
Намалувањето на инсталациите за дупчење во однос на претходната седмица е постигнато преку намалувањето на инсталациите за експлоатирање природен гас, чиј број се намалил на 9 единци, или на 4,3 отсто, и изнесува 202 единици. Бројот на активни инсталации за производство на нафта се зголемил за само една, и изнесува 675 единици.
Сепак, некои аналитичари се скептични во однос на залетот на цените на нафтата од четвртокот. Експертите оценуваа дека светските цени на нафтата ќе продолжат да паѓаат, бидејќи презаситеноста на пазарот ќе продолжи до крајот на 2015 година. Така експертите на компанијата „Ritterbusch & Associates“ го оценија овој раст како неодржлив.