24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNLB остварила добивка од 40 милиони евра

NLB остварила добивка од 40 милиони евра

nlb bankatra2

Најголемата словенечка банка Нова Љубљанска банка (NLB) во првата половина од 2015-та година имала 40,1 милиони евра чиста добивка, што е за 4 милиони евра повеќе од истиот период ланската година, објави во петокот банката, која позитивно работи последните две години, откако државата како сопственик ја докапитализира со речиси 2 милијарди евра.

Чистите приходи на NLB од 243,6 милиони евра паднале за 3 проценти во однос на истиот полугодишен период од претходната 2014-та година.

Директорот на банката Јанко Медја во писмената изјава истакна дека позитивниот деловен резултат е последица на повисоките приходи од каматите и намалувањето на трошоците, како и помалите резервации на име на т.н. лоши кредити, поради којашто банката во минатото мораше да биде санирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП