
„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на:


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на:
www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik
Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој
www.macedonia-consulting.com/tip-of-the-week-priracnik.php
„Не ни требаше да видиме твоја биографија за да те вработиме, знаеме како ја заврши работата на проектот на кој соработувавме пред 4 години. Знаеме кои квалитети ги поседуваш и добивме одлични препораки“ – ѝ рече менаџерот на нововработената.
Бев сведок на овој разговор и ми се потврди теоријата дека луѓето се поврзуваат со луѓе и дека нашите имиња се бренд кој треба да го градиме и постојано да вложуваме. Ние пред нашите клиенти, соработници и пријатели, не го претставуваме само брендот на нашата фирма, туку го застапуваме и својот личен бренд.
Еден од најдобрите начини за да ги артикулирате своите вештини, искуство, знаење, како и целокупната ваша вредност, е да создадете личен бренд кој ќе ви помогне да се издвоите од толпата. „Ние сме извршни директори на нашите сопствени компании: „ЈАС“. Најважна работа е да бидете главни промотори на сопствениот бренд кој се нарекува „ЈАС“ – Том Питерс, експерт за менаџмент.
Според Public Relations Consultants Association (PRCA), во односите со јавноста, сè е поврзано со угледот. Тоа е резултат на она што го правите, што ќе кажете и она што го велат другите за вас. Односите со јавноста се користат за да се здобијат со доверба и со разбирање двете засегнати страни – без оглед дали е тоа индивидуа, организација, вработени, клиенти, инвеститори, локална заедница.
Односите со јавноста (ПР) е една од дисциплините за стратешка комуникација која ја користат компаниите, невладините организации, политичките партии, познати лица итн. Но, зошта да не ги користите односите со јавноста за себепромоција, за етаблирање на вашето име како личност, професионалец, филантроп, спортист… Сите ние носиме стереотипи кои се „залепени“ за нашите имиња и на тој начин луѓето нè знаат и нè препознаваат.
Во прилог се неколку аспекти коишто влијаат врз вашиот личен ПР:
Личното брендирање во основа е продажба на вашата личност и карактер. Размислете добро, како се однесувате и како делувате.
Направете вистински бренд од своето име!
Со успех во промените.
Илина Бакев
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг