1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните масовно подигнуваат пари од банкоматите на Кипар

Граѓаните масовно подигнуваат пари од банкоматите на Кипар

bankomati-kipar

Вознемирени граѓани на Кипар денеска во редови чекаа пред банкоматите на „Кипарската народна банка“ за да подигнат пари од сметките, по зголемениот страв од колапс на банкарскиот систем во земјата.

– Сега се се врти околу готовината. Единствено коцкарите ќе земат чекови во оваа ситуација. Постојат гласини дека „Народната банка“ нема никогаш повеќе да биде отворена. Сакам да подигнам што повеќе пари, бидејќи имам заштеда од речиси 60.000 евра. Не знам дали сега ќе успеам да ги повратам овие пари. Тое е се што имам, а сега мислам дека се е отидено во неповрат, изјави пензионираниот државен функционер Федон Василијадес додека чекаше во ред за подигнување на парите од банкомат.

Редовите пред банкоматите почнаа да се формираат по соопштението дека Владата размислува за спојување на втората по големина финанската организација во земјата, „Кипарската народна банка“ со најголемата банка на островот, „Банката на Кипар“.

– Кипар тоне, а ЕУ и Меѓународната заедница се подготвени да дозволат да потоне, истакна Гаутам Капор, Британец кој работи за една грчка компанија на Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП