2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрена активноста во кинескиот производствен сектор

Подобрена активноста во кинескиот производствен сектор

china2

Подобрувањето на кинескиот производствен сектор во март е поттикнато од поголемиот број на нарачки и зголемувањето на производството.
Активностите во кинескиот производствен сектор се подобрени во март, откако во февруари тие забележаа најбавно зголемување во текот на последните четири месеци, објави банката HSBC.

 
Прелиминарниот индекс на менаџерите за набавка за кинескиот производствен сектор во март изнесувал 51,7 поени, во споредба со забележаните 50,4 поени во февруари, кои беа неговата најниска вредност од октомври минатата година.

Подобрувањето на кинескиот прелиминарен индекс на менаџерите за набавка во март, беше поттикнат од растот на новите нарачки и зголеменото производство, се наведува во соопштението на банката.

„Тоа значи дека кинеската економија се уште е на патот кон постепено закрепнување на растот“, се вели во соопштението.

 
Инфлацијата и понатака е под контрола, што остава простор Пекинг да ја задржи својата монетарна политика за поддршка на обновувањето на растот.
Активностите во кинеската економија во минатата година се зголемени за 7,8 проценти. Во последните три месеци растот беше забрзан и изнесуваше 7,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП