26 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТоп 5 градови во Европа кои морате да ги посетите

Топ 5 градови во Европа кои морате да ги посетите

gr top

Иако летото е се уште во тек, не е прерано да се размислува за есенските патувања.

Нормално, во овој период од годината, најпопуларни се таканаречените „city brake“ дестинации на кои можете подобро да се запознаете со културата и животот во другите држави.

Ви ги препорачуваме топ 5 европски градови, во кои навистина ќе уживате:

1. Даблин

gr top1

Уште од минатото, Даблин важел за културен центар, кој инспирирал и привлекувал многу писатели, музичари и други уметници. Некои од најпознатите се секако Џорџ Бернард Шо, Оскар Вајлд, Џејтс, Џејмс Џојс… Она за што денес Даблин е можеби и најпознат се пабовите. Се зборува дека во самиот град постојат повеќе од 1000 пабови. Она на што денешниот Даблинец може да се гордее е првокласното пиво, а тука е и вискито за кое тврдат дека лечи се, од забоболка до низок крвен притисок или било која душевна болка.

2. Милано

gr top2

На пат кон Милано, најверојатно ќе ве однесе желбата за шопинг, фудбал и опера, но доволен е само еден поглед на катедралата „Duomo“ за да останете без здив. Милано се смета за моден центар и центар на гламурот и фудбалот, но е прилично потценет и како историски град во кој можат да се видат многу знаменитости.

3. Рејкјавик

gr top3

Рејкјавик со сигурност е еден од најмалите градови со најголема и најлуда понуда за ноќен живот на светот. Ноќите тука започнуваат во петок, а завршуваат во недела наутро. Во петок уште во 1 часот наутро, граѓаните на овој мал град од вкупно 100.000 жители, веќе полупијани излегуваат на главното и единствено корзо, а воедно и шопинг зона – улицата Лаугавегур. Рејкјавик е град каде се вкрстуваат традиционалното и урбаното, град на контраста. Така во популарното „Kafebarinu“ ќе видите многу млади луѓе кои меѓусебно не комуницираат, гледаат во своите лап-топови, додека пак следниот ден ќе присуствувате на традиционална семејна вечера на која секој ќе сака да дојде до збор.

4. Стокхолм

gr top4

Една од најсовремените престолнини на Европа која има репутација на многу ладно место. Меѓутоа, Стокхолм летно време е многу привлечна дестинација и што е можеби најважно е многу топла. Од мистериозни средовековни улички до музеи од светска класа и преубави паркови, престолнината на Шведска е одлична дестинација без оглед на тоа дали врне дожд или времето е сончево.

5. Копенхаген

gr top5

Во Данска, главниот град Копенхаген е кралство за себе – кралство на велосипеди и насекаде прочуените дански пецива. Обновлива енергија, заштита на природата, зачувување на природните ресурси на море и земјата, сето тоа е нешто за што овде се пристапува плански и носи резултати. Копенхаген, по квалитет на животот, според светски познатото списание „Monokl“, е прогласен за најдобриот град на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП