19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу овци има во Македонија

Најмногу овци има во Македонија

istrazuvanje1

Според најновите истражувања, најмногу свињи има во Србија, говеда и коњи во Словенија, овци во Македонија, а кози во Црна Гора.

На просторите на поранешна Југославија во моментов има 2,6 милиони говеда, 5,5 милиони свињи, 4,4 милиони овци, 60 милиони живина, додека бројот на коњи и магариња сеуште не е познат, вели економистот Здравковиќ.

Здравковиќ објавил и шеговита забелешка во која вели дека и покрај фактот што во овој регион постои проблем да се пресмета точниот број на населението, сепак бројот на стоката е уредно пребројан.

Кога податоците за бројот на добитокот ќе се споредат со бројот на жителите доаѓаме до индикаторот за интензитет на добитокот.

Свињи има најмногу во Србија: 441 на 1.000 жители. Говедата 230 и коњите 11 се најбројни меѓу Словенците, овци нјмногу има во Македонија (373 на 1.000 жители), а кози 38 кај Црногорците. Хрватска нема ниту една стока во рекордна бројка, објавува Здравковиќ.

Кога податоците од бројот на добитокот ќе бидат поставени во однос на површината на земјата, тоа води до податок за густа населеност.

Србија е најмногу населена (40 на километар квадратен), Словенија (23), Македонија (30), а Бих (365 на километар квадратен), додава Здравковиќ.

За споредба, пред триесет години во СФРЈ имало 5,5 милиони говеда, 8,4 милиони свињи, 7,4 милиони овци, половина милион коњи и 67,4 милиони живина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП