19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија станува земја за богатите?

Австралија станува земја за богатите?

avstralija1

Во Австралија се некои од најскапите градови во светот. Според новото истражување, Сиднеј е на третото место, зад Токио и Осака во Јапонија.

Пред десет години Сиднеј едвај беше во првите топ 50. Оттогаш се променија многу работи.

Ако имате неограничени извори на пари, многу лесно ќе живеете удобно во Австралија. Но, високиот стил на живеење таму станува единствена опција.

Како да трошите пари

Продавачите на недвижнини таму размислуваат вака: „Луѓето имаат многу пари, ајде да направиме можност тие да имаат каде да ги потошат“.

Трговците со недвижен имот и луксузни јахти задоволно ги тријат рацете, бидејќи богаташите и понатака тропаат на нивната врата.

Цената на просечна австралиска куќа изнесува пола милион долари. Таа е двојно поголема од САД и од Европа.

Во супермаркет три производи чинат 11 долари. Само чоколадо чини 2,5 долари. Цената на мебелот во продавницата на ИКЕА во Австралија чини три пати повеќе отколку во САД.

Не е ни чудо што Сиднеј, официјално, е третиот најскап град во светот. Зошто е тоа така? Главно поради тоа што повеќето Австралијци можат да си го дозволат овој начин на живеење.

Со помош на скапоцената стока која се извезува, австралиската економија станува се посилна. Во нејзина корист е и многу силната валута. Пред 20 години, американскиот долар имаше вредност од 31 австралиски долар, но сега се речиси еднакви.

На тој начин цените, ако пресметаме во американски долари, се зголемени за повеќе од 50 проценти. А во последно време цените се зголемуваат и во австралиски долари.

Инвалидско осигурување од 350 долари

Еден жител од оваа земја кој има право на инвалидска пензија добива 350 долари за една недела. За ваквите жители, животот во Австралиија е тежок, бидејќи овие средства не се доволни тие да живеат нормален живот.

Со овие пари се верува дека ваквите жители комотно би можеле да живеат пред пет години, а сега тоа им е отежнато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП