26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите стравуваат од Британците

Французите стравуваат од Британците

francija14

Француската хемиска индустрија се одржа во 2012 година благодарение на извозот, но стравува од конкуренцијата во Велика Британија.

Во Велика Британија трошоците за прозводство се помали благодарение на пониските цени на енергијата, објавува француската Унија на хемиската индустрија.

Обемот на производство на хемиската индустрија незначително се намали во 2012 година за 0,5 проценти, пренесува францускиот весник Капитал.

Во исто време, приходите од продажбата се зголемени за 2,5 проценти, на 88,9 милијарди евра, а извозот се зголемува во текот на последните три години во просек за 5,7 проценти годишно.

Така, трговскиот биланс на хемиската индустрија во минатата година забележа суфицит од 4,4 милијарди евра, што е на исто ниво како и во 2011 година.

Во француската хемиска индустрија, минатата година беа инвестирани рекордни 3,7 милијарди евра, а во оваа година инвестициите би можеле да достигнат до 3,5 милијарди евра, сметаат аналитичарите.

Меѓутоа, конкурентноста на француската хемиска индустрија ја загрозува цената на гасот, која е три до четири пати поголема отколку во Велика Британија, како и цената на електричната енергија – за 30 проценти повисока отколку во Германија, наведува Унијата, прецизирајќи дека трошоците за енергија учествуваат со 15 до 20 проценти во вкупната цена на чинење.

Француската хемиска индустрија го завзема седмото место во светот и второто во Европа, зад Германија, со 3,350 компании кои вработуваат околу 160,000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП