27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Бугарски правни и физички лица имаат депозити од 100 милиони евра...

ЕЦБ: Бугарски правни и физички лица имаат депозити од 100 милиони евра во кипарски банки

zname

Бугарски правни и физички лица, без банките, имаат депозити во износ од вкупно 100 милиони евра во кипарски банки, покажува статистиката на Европската централна банка (ЕЦБ), јави БТА.

Депозитите во кипарските банки изнесуваат вкупно 107,8 милијарди евра. Од нив 38,2 милијарди евра се на банки, а 69,6 милијарди евра – на други правни, како и на физички лица.

Малку повеќе од половината од вкупната сума на депозитите, 56,6 милијарди евра е на кипарските депозитори.

Романски физички и правни лица (без банки) слично на бугарските, имаат вкупно 100 милиони евра во кипарски банки.

На прво место според тој показател во ЕУ убедливо се Грците со 4,7 милијарди евра, по што следуваат Британците со две милијарди евра.

ЕЦБ не објави статистика за депозитите во кипарските банки од ЕУ земја по земја и не изнесе податоци за депозитите од држави надвор од ЕУ.

Според меѓународната рејтинг агенција Мудис руски банки имале вложено девет милијарди евра на крајот на минатата година во кипарски банки од банки надвор од ЕУ, (од вкупно 12,8 милијарди евра, вложени во кипарски банки од банки надвор од ЕУ, според ЕЦБ), а руските корпоративни депозити на островот изнесуваат околу 15 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП