19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNASA: Земјата максимално се загреала во последните 4.000 години

NASA: Земјата максимално се загреала во последните 4.000 години

globalwarming

Научниците и експертите на американската агенција за вселенски истражувања NASA заедно со колегите од јапонската метеоролошка агенција JMA покажаа дека годинешниот јули температурата на планетата ги достигнала максималните вредности во последните четири илјади години.

Покрај тоа, научниците дошле до заклучокот дека јули 2015 година бил најтоплиот месец во изминатите повеќе од 200 години, пишува во средата The Washington Post.

До ваквиот заклучок научниците дошле потпирајќи се на консеквентните показатели за растот на температурата на планетава, како што се годовите на дрвјата, коралите и дебелината на ледените покривки на половите. Како што истакнуваат, сето тоа води до заклучокот дека температурата на Земјата постојано се зголемува.

Според научниците, во јули 2015 година температурата се зголемила за 0,02 Целзиусови степени од претходното рекордно ниво, коешто беше регистрирано во јули 2011 година.

Покрај тоа, се истакнува дека секој месец досега годинава е рангиран како најтоплиот соодветен месец. Така, според нив, воопшто нема сомневања дека 2015-та ќе биде вкупно земено година со рекордно високи температури досега во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП