19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТопол културен бран во Кавадарци

Топол културен бран во Кавадарци

kavadarci dkk

Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран 2015“, во организација на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура, Кавадарци наредните денови го очекуваат неколку исклучителни културни и уметнички настани.

Така, веќе во среда на 19 август ќе се случи ексклузивна џез вечер со настап на извонредното џез трио „Пор Че Не“ (Por Che Ne) кое е космополитски микс на три јаки музички личности, секоја од нив своевидна икона на традиционалната музика во нивните земји Аргентина, Италија и Македонија. На нивната стандардна постава Leo Genovese (Argentina) – piano, electronics, vocals, Francesco Marcocci (Italy) – acoustic bass, vocals и Александар Петров (Македонија) – drums, percussion, tapan, vocals, специјално на овој концерт ќе им се придружи Marie Petrov- (вокал, тромбон). Нивната музика претставува трансверзала меѓу три континенти, преку оригинални композиции. Досега настапувале во Аргентина, САД и др. Специјални гости на вечерта се прекалените кавадаречки џезери од бендот Modern Jazz Quartet K, со чиј настап ќе биде отворена оваа вечер. Концертот започнува во 21.30 часот, а ќе се случи на Малиот парк спроти полициската станица во Кавадарци.

Во четврток, пак, на 20 август, со почеток од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе биде отворена изложба на познатиот македонски ликовен уметник Драган Најденовски од Битола. Во 20.30 часот, исто така во Галеријата при кавадаречкиот Дом на култура, ќе се одржи промоција на книгата „Етичари“ од проф. Д-р Кирил Темков.

Истата вечер, со почеток од 21 часот, на терасата – базен во хотелот „Уни Палас 2“ ќе биде свечено отворено најновото издание на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово – Кавадарци“ на која годинава ќе учествуваат и творат триесетина ликовни уметници од Македонија и странство, по што, во 21.30 часот на истиот простор ќе се одржи целовечерен концерт на џез бендот „Модерн џез квартет К“ (Modern jazz Quartet K).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП