20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на iPhone 6S и iPhone 6S Plus почнува на 18-ти септември

Продажбата на iPhone 6S и iPhone 6S Plus почнува на 18-ти септември

tim

Продажбата на паметните телефони на американскиот технолошки гигант Apple кои ќе ги носат ознаките iPhone 6S и iPhone 6S Plus ќе започне на 18-ти септември, а со првиот бран ќе бидат опфатени САД, Велика Британија, Германија, и Јапонија.

Како што пишува во вторникот Forbes, овие информации се добиени по протекувањето на информации од британската филијала на мобилниот оператор Vodafon.

Пред една седмица порталот BuzzFeed, повикувајќи се на извори во Apple, објави дека втората седмица од септември ќе се одржи прес-конференција на којашто американската корпорација ќе ги претстави новите уреди.

Компанијата сé уште официјално не го објави датумот на претставување на новите уреди, меѓутоа запознаените извори на американските медиуми велат дека тоа ќе се случи на 7-ми септември.

Најверојатната дата е 9-ти септември, смета BuzzFeed, потсетувајќи дека изминатата 2014 година, компанијата ваквиот настан го одржа на посочениот датум.

Годишната есенска прес-конференција, како и лани, ќе биде фокусирана на претставувањето на новите модели на паметните телефони iPhone. Се очекува дека новата генерација смартфони на Apple ќе биде опремена со нов сензорски екран на допир Force Touch, подобрен систем на камерата, побрз и енергетски ефикасен безжичен чип.

Изворите на медиумите, исто така, истакнуваат дека компанијата ќе ги претстави и новите таблети iPad.

Многумина во САД очекуваат во септември да се случи и долго очекуваната презентација на Apple TV. Новиот систем ќе биде наследник на претходниот Apple TV, кој претставуваше специфичен декодер на каналите за кабелските телевизии. Извори сметаат дека компанијата ќе го обнови корпусот на новиот уред и ќе воведе нов оперативен систем, кој ќе поддржува гласовна контрола.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП