Иако многу луѓе ќе кажат дека голфот не е наменет само за богати лица, ние ќе напоменеме дека голфот како спорт сам по себе е многу скап…
Одржувањето на терените е многу скапо, клубската членарина е скапа, облеката за вистинските голфери е скапа, но доколку некогаш сте се релаксирале со овој спорт во вакво прекрасно опкружување тогаш најверојатно ќе кажете дека ова искуство вреди за секоја потрошена пара.
„The Tour Club“ е веројатно најголемата фантазија за секој вистински голфер. Овој клуб на корисниците им нуди пристап на мрежата на приватни совршено уредени терени со прекрасни места за одмор, сместување и луксузна резиденција, курсеви со познати инструктори, големи натпреварувања и награди.
Овој луксузен клуб нуди членство за целото семејство, поединци или компании , но неговата примарна цел е организирањето на корпоративна забава.
„The Tour Club“ на своите членови им нуди единствено и ексклузивно искуство како што се голф терените во Шкотска и Ирска, неколку поважни натпревари и вистински професионализам.
Корпоративното членство започнува со 200 илјади долари такса за поведување и 39.000 евра за годишна членарина. За фамилијарна членарина потребно е да извоите 125 илјади такса за поведување и 20 илјади долари на годишно ниво, додека цените за поединечни членови сеуште не се откриваат…
Во внатрешноста на клубот владее луксузот, таму играчите можат да се реласираат и да уживаат во погледот кон прекрасните зелени полиња за голф, да посетат спа третман или да јадат со своето семејство во луксузниот ресторан кој нуди врвен квалитет на приготвените јадења… уживајте!