20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAdobe во загуба поради претплатата

Adobe во загуба поради претплатата

Adobe-001

„Adobe“ ги објави резултатите од своето работење во првиот фискален квартал, во кој покажуваат пад на профитот и прометот.

Профитот на компанијата во првите три месеци од 2013-та година падна од 185.2 милиони од минатата година на 65.1 милиони долари. Истовремено, вкупниот промет падна за 4 проценти до 1 милијарда долари.

Сепак, овие резултати се подобри од очекувањата на аналитичарите, а ваквиот резултат е поради транзицијата на компанијата на наплатниот модел кој е темелен на претплата. Поточно, „Adobe“ укажува дека во просек секоја недела имаат 12.500 нови претплатници, кои имаат пробен период пред тие да се одлучат за соодветната претплата. Досега на „Adobe“ 479.000 клиенти почна да и плаќаат претплата, од кои повеќе од 90 проценти се со годишни договори.

Преселба на моделот за наплата со претплата во кус период предизвика пад на прометот и добивката, но на долг рок треба да и се исплати на компанијата. За целата оваа година, „Adobe“ најави приходи од 4.1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП