
САД во споредба со другите земји има импресивна покриеност на „LTE“ сигналот, но провајдерите на мобилните мрежи ширум светот започнаа со унапредување на своите мрежи за да им обезбедат побрз проток на интернет на своите корисници. Според некои истражувања, вкупниот проток на интернет преку мобилните мрежи бил 13.412 петабајти во 2012-та година, што е зголемено за 69 проценти во одност на претходната година, каде користењето на 3G мрежата било 46 проценти од вкупниот сообраќај.

