29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален оптимизмот во Швајцарија

Намален оптимизмот во Швајцарија

shva1

Оптимизмот за состојбата на швајцарската економија во наредните шест месеци може да биде нарушен, предупредува економскиот институт ZEW.

Економските очекувања во Швајцарија во март се влошени, за прв пат во последните четири месеци, покажува истражувањето на геманскиот институт и швајцарската банка „Креди Свис“.

Индексот кој ги мери очекувањата на експертите на финансискиот пазар за состојбата во економијата во наредните шест месеци е намален во март за 2,3 поени, од 10 поени минатиот месец.

Тоа значи дека е во близина на неутралното ниво од нула поени, со што претставува сигнал дека до третиот квартал од 2013 се очекува стабилна состојба во економијата, заклучуваат во „ZEW“.

„Промената на индексот во март главно е резултат од променетите очекувања на групата аналитичари, кои за разлика од оптимизмот кој беше искажан во февруари, сега завземаа претпазлив став“, се наведува во соопштението.

Ова значително го зголеми бројот на експерти кои предвидуваат стабилна состојба на економијата во следните шест месеци, напоменуваат од „ZEW“, а истовремено се намали и бројот на оние кои очекуваат влошување на состојбата.

Речиси непроменета е и оценката на сегашната состојба во швајцарската економија, со пад на индекот на 15,6 поени од 18 поени кои беа забележани претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП