Кипарската Влада демантираше дека е постигната начелна спогодба за продажба на кипарската Народна банка на руски инвеститори.
Грчките медиуми јавија дека зделката за продажба на Народната банка била склучена денеска, наводно дека таа е склучена во усна форма и дека страните се уште немаат ставено потписи.
Аналитичарите оценуваат дека доколку оваа зделка се реализира, финансиските потреби на Кипар ќе се намалат за околу четири милијарди евра.
– Владата ги демантира информациите дека кипарската Народна банка била продадена на странски инвеститори, изјави владиниот портпарол Христос Стилианидис.