26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу пет милијарди долари годишно „исчезнуваат“ од Србија

Околу пет милијарди долари годишно „исчезнуваат“ од Србија

kufer-pari

Србија е прва меѓу балканските земји според количината на нелегално потрошените пари, се наведува во извештајот на американскиот невладин институт „Глоуб фајненшл интегрити“.

Во периодот од 2001 до 2010 година од земјата незаконски се излевале по пет милијарди долари годишно, нагласува американскиот институт.

Србија се наоѓа на 16-то место од вкупно 143 земји со најголеми нелегални истекувања на пари.

Податоците се добиени со споредување на различни информации за увозот и извозот за секоја држава поединечно.

Резулатите покажале дека голем број компании декларираат помал извоз и заработувачка или поголем увоз и трошоци, од реалните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП