20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорката на ММФ под истрага

Директорката на ММФ под истрага

lagard-stan

Француската полиција денеска изврши претрес во станот на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, во рамки на истрагата за нејзината улога во случајот со исплатата на компензација на бизнисменот Бернар Тапи.

– Овој претрес ќе помогне за откривање на вистината, што ќе придонесе за ослободување на мојата клиентка од каква било кривична одговорност, изјави адвокатот на Лагард, Ив Репил.

Полицијата проверува дали Лагард, во времето додека ја извршуваше должноста министер за финансии, го прекршила законот во врска со исплатата на 285 милиони евра отштета во арбитражната постапка со Тапи, кој беше приврзаник на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози.

Лагард, која е од редовите на партијата на Саркози – конзервативната Унија на народното движење (УМП), демантира дека на каков било начин го прекршила законот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП