25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведските социјалдемократи сакаат намалување на увозот на работна сила надвор од ЕУ

Шведските социјалдемократи сакаат намалување на увозот на работна сила надвор од ЕУ

shvedska-rabotnasila

Шведската Социјалдемократска работничка партија (САП), кој е најголема опозициска сила во Парламентот во Стокхолм, најави план за заострување на мерките за доселување на работна сила во Шведска од земји што не се членки на ЕУ, јави дописникот на МИА.

Социјаладемократите таквото барање би го актуелизирале доколку победат на парламентарните избори што ќе се одржат во Шведска идната година.

Лидерот на шведските социјалдемократи Стефан Лофен смета дека во врска со ова прашање треба да им се даде поголема можност да се изјаснат шведските синдикални организации.

– Денес работодавачите имаат одврзани раце да решаваат во однос на работна сила од странство и затоа имаме имигранти кои овде живеат под мошне лоши услови, вели Лофен, кој смета дека по ова прашање треба да се договорат партнерите на пазарот на трудот.

Шведскиот премиер Фредрик Раинфелд од своја страна е критичен кон таквиот предлог.

– Тоа во принцип ќе го запре доселувањето на работна сила од странство, смета Раинфелд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП