4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle доби „поголем брат“ - Alphabet

Google доби „поголем брат“ – Alphabet

alphabet google

Американскиот технолошки концерн „Google“ ќе се здобие со нова корпоративна структура. Како холдинг компанија ќе се создаде нова компанија со името „Alphabet Inc.“, изјави Лари Пејџ во пост на корпоративниот блог.

Alphabet“ ќе биде збир од компании, од кои „Google“ ќе е најголемата, и ќе го замени „Google“ како берзански котирана компанија, пренесува „Bloomberg“.

Во холдинг-компанија ќе влезат сите главни активности на „Google“, вклучувајќи го пребарувачот, услугите и „YouTube“, како и одделните сектори, како „Fiber“ и „Nest“. Исто под капата на холдингот влегуваат и компанијата „Calico“ во која главен инвеститор е „Google“, како и инвестициските поделби „Google Ventures“ и „Capital Google“, а исто така и „Google X“.

Новата структура требало да овозможи поединечните компании да се раководат по независно една од друга. Сите акции на „Google“ ќе бидат претворени во еднаков број акции на „Alphabet“ со еднакви права. Пејџ ќе биде на чело на „Alphabet“ како извршен директор, а Сергеј Брин ќе биде претседател на компанијата. Главниот финансиски директор на „Google“, Рут Порат ќе го задржи истиот пост и во „Alphabet“, а топ менаџерот Сундар Пичаи ќе го преземе раководството на „Google“.

Оваа структура ќе биде воведена постепено во наредните месеци. „Alphabet“ ќе ги презентира резултатите на оваа нова структура некаде на почетокот на четвртиот квартал, што обично се објавуваат во јануари.

Со овој потег инвеститорите ќе добијат повеќе информации за тоа како работат поединечни компании, што е долгогодишно инсистирање од „Wall Street“. Согласно промената на главната компанија, „Google“ ќе поднесе извештај за одделни резултати од своите инвестициски и истражувачки поделби.

„ Ни се допадна името „Alphabet“, бидејќи тоа значи колекција на букви кои го претставуваат јазикот, една од најважните иновации на човештвото, и е во основата на тоа како ние пребаруваме со „Google search“. Самото име е игра на зборови од „Alpha“ – рентабилност над реперот, bet – залог) – нешто кон што се стремиме“, вели Пејџ.

Потегот се усвои добро на „Wall Street“, па поради тоа цената на акциите на „Google“ поскапеа за околу 5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП