29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДестинации кои треба да ги избегнете по секоја цена

Дестинации кои треба да ги избегнете по секоја цена

travel1

Бидете внимателни кога се одлучувате за патување – некои од многу посакуваните туристички дестинации се вистинско минско поле за туристите.

Факт е дека некои земји се навистина лош избор за посета, доколку сакате стабилен и мирен одмор. Во продолжение од текстот ќе ви објасниме зошто овие 10 туристички дестинации е пожелно да ги заобиколите.

10. Сиера Леоне  

Земја во која долго време имаше војна, таа е позната и како извор на „крвави дијаманти“. Земја со тешка економска ситација и земја во која може да ви биде загрозен животот поради една златна обетка која ќе ја носите. Во секој случај посетата на оваа земја не е препорачлива.

9.Кувајт

Оваа богата блискоисточна земја има изобилство од сонце, но тука верувајте не сте добредојдени.

8.Тринидад и Тобаго

За оваа прекрасна земја е чудно што се најде на оваа листа, бидејќи тука локалното население е многу љубезно и пријателски настроено кон туристите. Сепак, нејзината инфраструктура е потполно поинаква приказна и во голема мера го отежнува престојот таму.

7.Чад

Државата во Централна Африка без излез на море има малку патишта на кои владее мир. Ова дефинитивно не е дестинацијата во која би сакале да се најдете.

6.Хаити

Освен што поседува голем број на привлечности, има и еден куп нерешени прашања кои секој турист ги осетил на своја кожа.

5.Пакистан

Не преставува добро место за патување поради лошото мислење на локалното населени за „западњаците“, не би сакале да ве откријат од каде сте.

4.Алжир

Убава земја, но безбедноста, доколку сте европски турист не ви е загарантирана.

3.Русија

Огромна држава за која не мора многу да раскажуваме. Изгледа како вистинска бајка но во неа има многу непријатности кои можете да ги почувствувате на своја кожа, како што е мафијата, опасните ситуации за оние кои ќе заталкаат, дрогата, измамата и др.

2.Боливија

И покрај многубројните туристички атракции, како што е најголемата солена пустина, ативните вулкани и плитките езера, оваа земја не е вистинскиот домаќин за вас. Тешката економска ситуација и проблематичното население може сериозно да му наштетат на вашиот живот.

1.Венецуела

Иако Чавез почина, големиот анти-западен дух сеуште се чувствува. Во оваа земја ако некогаш случајно се најдете обидете се да не дознаат од каде доаѓате. Иако оваа земја има најголеми водопади во светот, таа не вложува многу во еколошкиот туризам но и во меѓучовечките односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП