28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗвук толку гласен што може да го видите

Звук толку гласен што може да го видите

son

Sony ја тестира моќта на MHC-V7D звучниците со рекреација на киматикана музичкиот хит Hideaway од Kiesza

Во една фузија од киматички експерименти, Sony создаде прекрасно видео кое ги спојува светлината, бојата и звукот за да го претстави звучниот притисок и можностите за осветлување кои ги нуди новиот MHC-V7Dмузички систем.Аудио системот со висока моќност е ѕвер за забави којшто може да придвижи буквално се. Во видеото се користи киматика (визуелно претставување на звукот), придвижувајќи ги земјата, водата и бојата да танцуваат во музичкиот хит Hideaway на Kiesza со намера да ја претстави неговата вистинска моќ.

https://www.youtube.com/watch?v=3JJjT7rOFnM&feature=youtu.be

Неверојатниот ефект на киматиката е откриен уште во 1680 од страна на Роберт Хук и се однесува на проучувањето на видливоста на звукот, преку контролирано преместување на честички на вибрациони плочи или мембрани. Во овој експеримент вибрациите беа создадени преку моќниот звук на Sony MHC-V7D.

aag

Алберто Ајала, директорот на одделот за видео и звук во Sony Европа, изјави: “Музичкиот систем MHC-V7D интегрира неверојатен звук и визуелни ефекти вклучувајќи исто така гестовна контрола и ЛЕД звучници кои креираат неверојатно искуство. Убавината на киматиката е тоа што буквално создава слика од звучниот притисок на MHC-V7D и прави комбинација на звук и слика на начин преку кој луѓето ќе можат да ја видат песната Hideaway во сосема нова светло ако ја слушаат преку нашиот аудио систем со висока моќност.”

aad

Работејќи со иновативниот архитект од креативното продукциско студио Unit 9,Yifei Chaiи неговиот тим, видеото на Sony ве води во срцето на MHC-V7D каде резонантниот песок, танцувачката боја, акустичните водени скулптури и ферофлуидот се манипулираат на начин кој предизвикува вистинско визуелно воодушевување. Видеото го следи фасцинантното патување во светот на MHC-V7D, водејќи го гледачот колку што е можно поблиску до мистериозниот свет на акустиката.

Во видеото, звучникот им дава моќ на најразлични визуелни ефекти коишто се дизајнирани да соодејствуваатсо инструментите, нагласоците во звукот и вокалите во Hideaway, на тој начин имитирајќи го патувањето од мрачните и тивки почетоци до финалното визуелно крешендо коешто ја оживува науката за звукот.

aac

Режисерот на Unit 9, Cole Paviour, беше избран за оваа визуелна авантура од Sony заради неговиот начин на раскажување на психологијата преку слика, прикажувајќи го неговото лидерство во новата генерација на дигитална кинематографија. Зборувајќи за проектот Cole изјави: “Беше вистинска привилегија да се соработува со Sony на овој проект, како и одлична можност да се истражи и да се експериментира со киматиката која што ја оживува моќта на звучниците на Сони. Нашата цел е да и дадеме на публиката досега невидено сетилно искуство, чувство што ќе ги рефлектира сензациите од тоа што значи да се биде во просторија со овој музички систем. Резултатите беа неверојатни,геометриските шеми формирани од вибрациите на специфични аудио фреквенции, вода којашто точно го имитира динамичкиот опсег на вокалите, и ферофлуид којшто танцува и еволуира во спектакуларни формации благодарение на електромагнетите поттикнати од басот.”

aab

MHC-V7D овозможува силен бас, со 1550W звучен притисок (RMS 1440W, 105.5dB SPL) благодарение на новата технологија од Sony за зголемена моќност дизајнирана да го зголеми акустичниот притисок. Со Clear Audio+™ технологијата може да ги оптимизирате звучните подесувања со еден допир и да ја наместите специфичноста на звукот идеално според приликата, без разлика дали одмарате, гледате натпревар или пак приредувате забава.

Збогатете ги вашите омилени песни со DJ и семплер звучните ефекти, како што се реакции од публиката и сирени или пак додајте им го вашиот глас на преку микрофоните за караоке. Музичкиот систем MHC-V7D, освен преку силниот бас, ќе ви овозможи да ја подигнете атмосферата на вашиот подиум и преку интегрираните прилагодливи светла за забава кои што ќе може да ги синхронизирате со ритамот на музиката.

Со новата технологија за контрола преку гест на MHC-V7D без проблем ќе го надминете светот на DJ-ите истовремено контролирајќи ја музиката и осветлувањето со едноставен гест со раката.

Може да го приклучите вашиот паметен телефон на музичкиот систем преку NFC™ или Bluetooth® за да стримувате музика, или пак со Fiestable апликацијата да ја контролирате музиката и осветлувањето преку самиот телефон.

Ова извонредно искуство како DJ доаѓа спакувано во една компактна кутија. А ако веќе навистина сте решени да ги разбудите соседите, може да го искористите режимот Party Chain за да го приклучите MHC-V7D на други компатибилни аудио системи како што се SHAKE-X3D или SHAKE-X1D.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП