5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна и традиционална вила на Миконос (фото)

Луксузна и традиционална вила на Миконос (фото)

мик1

Нудејки беспрекорен поглед на Лиа заливот и Егејското море, оваа неверојатна вила на плажа сега го бара својот нов сопственик…

Нејзината локација е прекрасниот остов Миконос, на само пет минути од познатата Тигани плажа. Таа има три спални соби и три бањи, камен простор за скара и прекрасен простор за организирање на забава на отворено. Сепак, она што секако скапо ќе ја продаде е инфинити базенот, кој на сопствениците и нивните гости им дава можност да пливаат, додека уживаат во погледот кон морето.

Оваа импозантна вила е сместена на прилично голем простор – 1.800 квадратни метри приватна земја, а таа самата има околу 600 квадратни метри. Има модерен дизајн, кој е комбиниран со кикладскиот стил на најдобар можен начин. Оваа вила е навистина дом од соништата за сите љубители на морето, луксузот и фантастичниот поглед.

Големата дневна соба, трпезаријата, трите камини, пространата кујна и неколкуте дополнителни простории подготвено ве очекуваат, со цел максимално да уживате во оваа вила, во нејзиниот генијален дизајн и уште подобриот поглед. Доколку некогаш одите на Миконос, веројатно ќе посакате да уживате и да се опуштите на сонцето, а постои ли подобра шанса од оваа?

мик2

мик3

мик4

мик5

мик6

мик7

мик8

мик9

мик10

мик11

мик12

мик13

мик14

мик15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП