25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрада чевли се изработуваат во Тузла

Прада чевли се изработуваат во Тузла

prada-shoes-2012-e1337413638144

Причината за изработката на чевли за оваа голема фирма што се одвива баш во Босна и Херцеговина, покрај ефтината работна сила се и добро облечените вредни работници.

Кога ќе ги спомнеме брендовите како Гучи, D&G, Версачи, веднаш пред очите ни се појавуваат големи цени и се ни изгледа премногу скапо за нашите стандарди.

Во целиот свет за овие производи се говори, како за работи околу кои безгрешно работат големи професионалци и тимови кои пазат на секој милиметар на производите, како да се нешто свето.

Верувале или не, чевлите на еден од најголемите брендови на светот Прада, се произведуваат во близината на Тузла, поконкретно во Липница.

Изработката на чевли за оваа голема фирма, се одвива баш во Босна и Херцеговина, како поради евтината работна сила, така и поради тоа што шефовите на Прада процениле дека работната сила е исклучиво добро облечена и одговорна па одлучиле ваквата доверлива, сериозна и скапа задача да и ја препушти на една босанско-херцеговинска фирма.

Исто така дознавме и неколку занимливости. Пример со “фалш” производите или со оние чевли на кои некои од работниците направиле по некоја грешка, ги горат пред  лице кое е одговорно за секој милиметар од материјалот, а за секоја етикета за чевли која ќе се изгуби или ќе се оштети одговараат самите производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП