26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите сакаат луксузна роба

Кинезите сакаат луксузна роба

kina4

Кинезите при посетата на земји во странство се повеќе купуваат луксузна роба, открива истражувањето на консултантската куќа КПМГ.

Меѓу испитаниците, 71 процент потврдиле дека патувале во странство во 2012 година, во споредба со 53 проценти кои беа забележани во 2008 година, а 72 проценти од оние кои патувале купувале луксузни производи, пред се козметика и парфеми (47 проценти), часовници (37 проценти), како и ташни (32 проценти).

Козметика и парфеми, кинезите купуваат најмногу во Хoнг Конг (51 процент), Кина (37 проценти), Европа (25 проценти). Најценетите часовници за кинеските туристи се швајцарските.

Бидејќи Кина има 30 проценти данок на увозната стока, таа е поевтина во странство отколку во Кина, се наведува во истражувањето.

Големо значение во набавувањето на луксузната роба за кинезите има интернетот. Во јуни 2012 година, во оваа земјa имало 538 милиони интернет корисници, така што бројот на посетители на луксузни интернет страни е зголемен за 40 проценти, во споредба со 21 процент кој беше забележан во 2011 година.

Како причина за зголемениот интерес за електонската трговија се наведува можноста за споредување на производи (76 проценти), како и остварувањето на најповолно купување (65 проценти).

Кочница за масовниот онлајн шопинг сепак постои, бидејќи 72 проценти изразиле страв од фалсификат, додека 32 проценти од анкетираните изразиле сомневање во безбедноста на плаќањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП