18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОралната контрацепција поштедила 200.000 жени од развој на рак на ендометриумот

Оралната контрацепција поштедила 200.000 жени од развој на рак на ендометриумот

kontracepcija

Апчето за контрацепција претставува голема заштита кога станува збор за ризик од појава на ендометријалниот рак и во развиените земји во последните десет години предизвикало кај околу 200.000 жени да изостане развојот на овој вид заболување, покажаа резултатите од истражувањето објавено во медицинското списание The Lancet Oncology Journal.

Група британски научници дошле до овој заклучок спроведувајќи го истражувањето врз околу 27.000 жени заболени од споменатиот вид карцином, во 36 земји од Европа, Северна и Јужна Америка, Азија и Австралија. Пресметале дека во периодот од околу 50 години, со земањето на оралните средства за контрацепција би можел да се избегне и развојот на околу 400.000 случаи на развојот на рак на ендометриумот, како една од двете основни форми на ракот на матката.

„Значителниот заштитен фактор на оралните контрацептивни средства во случајот на рак на ендометриумот дејствува со години и по престанувањето на земањето апчиња“, истакнува Валери Берал од Универзитетот Оксфорд, која го координирала истражувањето. Примариус Берал додава и дека позитивниот ефект од земањето контрацептиви е забележан и кај жените кои апчето го земале само неколку години, како и дека ефектот бил продолжени и откако пациентките ја навршиле педесеттата, што е период во кој овој вид карцином кај жените зачестено се појавува.

Истражувањето конкретно покажало дека со земање на оралните средства за контрацепција во текот на пет години, се намалува ризикот од развој на ракот на ендометриумот пред 75-та година од животот за 25 отсто. Нивното земање во текот на десетгодишен период, пак, го преполовил бројот на случаи на развој заболувањето.

Авторите на студијата го истакнуваат и тоа дека ризикот на појава на ракот на ендометриумот не е зголемен веќе со години, иако количеството естроген во естропрогресивните орални средства за контрацепција значително се намалени од 1980-те години.

И покрај сите наброени предности поврзани со ракот на ендометриумот, оралните контрацептивни средства го зголемуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, како што е инфаркт и од цереброваскуларни заболувања, меѓу кои најчести се мозочниот удар, предупредуваат научниците кои го спровеле истражувањето.

„Споменатиот ризик е многу понизок кога се земат апчиња со помало количество естроген, но мораме да предупредиме дека ризикот од развој на венска тромбоза е почест кај жените кои користат орална контрацепција во однос на оние кои не користат“, предупредуваат Николас Вентценсен и Ејми Берингтон, од американскиот Институт за здравје „Гонзалес“.

Дебатата за зголемената опасност од развојот на некои видови карцином кои може да се доведат во поврзаност со земањето на оралната контрацепција продолжува меѓу научниците и лекарите. Во 2005 година Агенцијата за рак на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го објави податокот дека земањето апчиња за контрацепција е одговорно за малку поголемиот ризик од развој на рак на дојката, ракот на цервиксот и црниот дроб кај жените, но дека и заштитен ефект при потенцијалниот развој на ракот на јајниците и ракот на ендометриумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП