28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC во сериозни проблеми

HTC во сериозни проблеми

HTC-Slough-web

Компанијата „HTC“ ги објави резултатите oд своето работење во месец февруари на кои се покажува дека овој гигант е во сериозни проблеми.

Имено, приходите на компанијата за минатиот месец се дури 44 проценти полоши во однос на истиот период во 2012-та година. А како капак на се е и резултатот од јануари кој вели дека приходите на компанијата се помали за 27 проценти од првиот месец во 2012-та година.

Во февруари „HTC“ оствари приходи во висина од 384 милиони долари, додека минатата година приходот изнесуваше 685 милиони долари.

Сите надежи на компанијата „HTC“ се свртени кон нивниот најнов паметен телефон, „ONE“. Дали тоа ќе биде доволно да ја ублажат кризата, останува времето да покаже.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП