26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го потврди рејтингот на Европската унија

Fitch го потврди рејтингот на Европската унија

fic1

Агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ ја потврди највисоката оценка „ААА“ со стабилен изглед, за кредитниот рејтинг на Европската унија.

„Fitch“ во соопштението ја објасни својата одлука како таква поради „силна поддршка“ која ЕУ ја добива од своите 27 земји-членки, помеѓу кои девет имаат оценка „ААА“.

Најверојатно и рејтингот на ЕУ ќе остане стабилен со оглед на тоа што „Fitch“ претпоставува дека ваквиот тренд на меѓусебно поддржување ќе продолжи.

Оваа ситуација би можела да се промени ако агенцијата забележи слабеење на финансиската сила на големите земји на ЕУ со оценката „ААА“ (Франција, Германијa и Велика Британија) или доколку поддршката од Унијата започне да се намалува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП