23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската криза во Европа ги поттикна криминалците

Економската криза во Европа ги поттикна криминалците

kriminalci1

Економската криза во Европа ги поттикна новите облици на нелегални активности, од фалсификување на храна до забрането тргување со отпадот и кражби на енергетскиот пазар, покажуваат најновитe податоци од Европол.

Економскиот криминал, меѓу другото, и измамата и корупцијата, затајувањето на данок од страна на компаниите, сериозно го попречуваат економското закрепнување на регионот, објави европското тело за борба против криминалот во својот нов извештај за организираниот криминал.

Се проценува дека 3600 организирани криминални групи се активни во Европската унија, се вели во извештајот, а тие работат главно во традиционалните области како што е меѓународниот шверц со дрога, компјутерскиот криминал, трговијата со луѓе и перењето пари.

„Многу организирани криминални групи се флексибилни во нивните нелегални активности и способни се многу брзо да идентификуваат нови можности за криминал кои се појавуваат заедно со економската криза“, додаваат во извештајот.

Организираните криминални групи, како мафијата, веќе се вклучени во проектите на алтернативната енергија, соларната или ветерната енергија, како и во проектите за отстранување на отпадот и со помош на нивните активности во овие проекти тие перат пари, објави Европол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП