На падините на познатиот Chianti рид, во прекрасната Тоскана, се наоѓа овој супериорен хотел Hotel le Fontanelle…
Ова е волшебен бутик хотел на само 20 минути од Сиена. Опкружен со маслиновите градини Castelnuivi Berardenga, а всушност е тосканска вила од тринаесетиот век, која неодамна добила нов, луксузен изглед, но го зачувала својот шарм и убавина.
Ентериерот на овој хотел е прекрасно декориран. Тука е и прекрасниот ресторан La Colonna, каде можете да уживате на пространата тераса, во исклучителната италијанска кујна.
Во L’Orto delle Monache ќе имате прилика да уживате во рибните специјалитети и свежиот зеленчук. Доколку сакате да потрошите малку калории по прекрасниот оброк, можете да се пливате во хотелскиот базен или да изнајмите велосипед и да ја истражите прекрасната околина.
Ако пак планирате да останете во хотелот, можете да вежбате во теретаната, да пливате во затворениот базен или да уживате во велнес просторот. Релаксирањето во турската бања или сауната звучи примамливо нели?