18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWestern Union повторно дава услуги во Грција

Western Union повторно дава услуги во Грција

wu

Компанијата Western Union, која се занимава со електронски пренос на пари, повторно ќе нуди услуги во Грција, што ќе им овозможи на клиентите да добиваат средства од странство.

Од компанијата соопштија дека се отворени 270 од 1.000 локации на Western Union ширум Грција, како и дека средствата кои им пристигаат на клиентите не подлежат на контрола на капиталот која е воведена во земјата.

Таквиот потег на американската компанија следеше откако грчката влада прошлата недела дозволи на компаниите трансфер на пари во странство.

Western Union на 29 јуни објави дека ќе ги затвори своите филијали во Грција на недела дена, бидејки официјална Атина ги затвори банките поради спречување на одлив на средтсва, се потсетува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП