25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ чекор поблиску до банкарската унија

ЕУ чекор поблиску до банкарската унија

Belgium Nobel Peace

Официјалните претставници на ЕУ ја прескокнаа големата пречка на патот кон воспоставување комплетна банкарска унија, наменета за стабилизирањето на финансискиот сектор во еврозоната.

Пратениците на Европскиот парламент, Европската комисија и претставниците на земјите-членки (Европскиот совет) постигнаа договор околу законите за формирање на централизирана банкарска супервизија, пренесува агенцијата АП.

Европските лидери минатата година се договорија за основање на заеднички банкарски надзор, под покровителство на Европската централна банка, која е основа за започнување на заедничка шема за осигурување на депозитите и формирање на орган овластен да ги спаси или затвори „болните“ финансиски институции.

„Денешниот договор е чекор кон градењето на банкарската унија, која ни е потребна за да ја вратиме економската доверба во Европа и да го прекинеме лошиот однос помеѓу банките и националните буџети, кој во повеќето случаи е одговорен за рецесијата, сиромаштијата и невработеноста во повеќето земји“, изјави претседателот на Парламентот Мартин Шулц.

Договорот, сепак, е постигнат во необично време, само неколку дена откако еврозоната го принуди Кипар да ги оданочува банкарските депозити со цел да му биде одобрен пакетот помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП